Повеќе делови од една скопска општина денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општина Бутел.

- Во периодот од 08.00 до 10.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улица Боца Иванова, како и магацинот на ЕВН и објектот на автосервис Дон.

- Во периодот од 10.00 до 12.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците Душко Поповиќ, Томе Пуре и Боца Иванова.

- Во периодот од 12.00 до 14.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците Александар Турунџиев и Рокомија.