Поучна приказна: Упорноста и самодовербата се исплатат!

Некој цар требал да унапреди некој од неговите соработници и одлучил да ги тестира своите дворјани.
Моќни и мудри луѓе застанале околу него и тој им рекол: „Јас сум во недоумица и ме интересира кој од вас е во состојба да го реши тоа.“

Потоа ги одвел до една огромна врата, која била толку голема што никој дотогаш не видел таква врата.

Царот рекол: „Ова е најголемата и најтешката врата во моето царство. Може ли некој од вас да ја отвори?

Некои стоеле и само одмавнувале со главата. Други, кои биле сметани за мудреци, се доближиле до вратата и одблизу ја разгледале, но сепак признале дека не можат да ја отворат. На крајот сите се сложиле дека задачата е претешка и дека не можат да ја решат.

Тогаш, еден од дворјаните, дошол до вратата: ја разгледувал, ја допирал, ја туркал, се трудел да ја помрдне..

Одеднаш, ја повлекол вратата и со едно силно туркање – вратата се отворила! Всушност проблемот бил во тоа што железото било за’рѓано, а вратата всушноњст не била заклучена и не било потребно ништо друго освен самодоверба за тоа да се утврди и да се постапи врз основа на тој заклучок.

Тогаш царот рекол: Ти ќе го добиеш унапредувањето. Не се ослонуваше само на она што го гледаш. Се осмели да се обидеш да направиш нешто што на почетокот делувало невозможно.

Осмели се! Многу врати се само за’рѓани!