Поучна приказна: Работите никогаш не се онакви какви што изгледаат

Една девојка чекала во чекалницата на еден голем аеродром. Таа требала долго да чека, па зато одлучила да купи книга за времето побрзо да пројде. Заедно со книгата купила и пакетче со колачиња. Седнала во ВИП чекалницата за никој да не ја вознемирува.

Покрај неа на столот седела кесата со колачиња, а на другата столица седел еден господин кој читал весници. Кога таа почнала да зема колачиња од кесата и господинот земал еден. Таа се шокирала, но не рекла ништо и продолжила да ја чита книгата.

Во себе си рекла: „Еј, види го ти него, само да имав повеќе храброст, ќе му покажев убаво.“ Секој пат кога ќе земела едно колаче, човекот покрај неа исто така земал едно колаче. Таа правеле се додека не останало уште едно колаче во кесата и девојката помислила: „Баш ме интересира што ќе направи сега!“ Човекот го земал последното колаче и го поделил на два дела! Девојката си рекла: „Ова е навистина премногу!“ и шокирано си ги собрала работите, книгата и торбата и отишла кон излезот од чекалницата. Кога се почувствувала малку подобро и откако и поминала лутината седнала на место каде немало никој, бидејќи сакала да избегне други непријатни ситуации. Ја затворила книгата и ја отворила торбата за да ја стави книгата внатре. Во тој момент го здогледала пакетчето со колачиња, недопрено.

Се засрамила и сфатила дека колачињата на човекот биле исти како нејзините и дека тоа пакетче било негово и дека таа јадела од неговите колачиња, а тој без шок, нервоза и ароганција го поделил и последното колаче со неа. Постапил сосема обратно од неа, онаа на која и биле повредени чувствата и гордоста.

Колку пати во нашиот живот ќе изедеме или сме изеле туѓо колаче, а тоа воопшто и да не сме го ни забележале?

Пред да носите брзоплети заклучоци и пред да почнете да мислите лошо, гледате со повеќе внимание, многу често ситуациите не се такви какви што изгледаат на прв поглед.

cheap nike free run 5.0