Поучна приказна: Каде се наоѓа најголемото и најмоќно богатство?

Една многу стара античка приказна раскажува како најголемиот подарок, љубовта, останал скриен.

Кога боговите го создавале човештвото, се прашувале каде да го скријат најскапоценото и најмоќното богатство за луѓето да не можат да го злоупотребуваат. 

„Да го сокриеме на највисоката планина?
Да го закопаме длабоко во земјата?
Да го оставиме на дното на морето?
Да го сокриеме во срцето на најмрачната шума?’

По долготрајно размислување, на крајот се договориле. 

Тоа богатство ќе го всадат во душата на самите луѓе, затоа што никој нема да се сети да го бара баш таму. 

За секој случај, боговите одлучиле на луѓето да им дадат очи кои ќе гледат кон надворешниот, а не кон внатрешниот свет.

Џон Маркс Темплтон