Поттикнете ја неговата фантазија: Што сакаат мажите за време на секс?

Како што сакаат и жените, така и мажите имаат свој список на омилени активности за време на сексот, кои максимално ги возбудува.

Мажите сакаат: Орален секс

Оралниот секс секогаш е добредојден. Слободните мажи велат дека се подготвени да возвратат со иста мерка, а дамите кои ова задоволство му го скратуваат на партнерот, всушност го лишуваат од најголемата тајна желба кога е сексот во прашање. Оженетите мажи имаат поплаки дека сопругите само „ќе ја сработат“ работата, но би сакале тоа да го прават поретко, но пострасно како на почетокот на врската.

Мажите сакаат: Секси облека

На мажите во брак им недостига малку фантазија. Во новата врска мажите покажуваат романтика, така што ќе ви предложи да ја носите неговата кошула. Но, како што веќе се случува во бракот, жените често пати секси облеката ја заменуваат со покомотна облека. За да го „имате во раце“ памучната долна облека и пижами заменете ги со секси чипкана долна облека.

Мажите сакаат разновидност

Повторувањето можеби е мајка на знаењето, но воопшто не е возбудливо или привлечно. Ако тој има омилена поза, тоа не значи дека секогаш треба ја избирате неа кога сакате да го зашеметите. Внесете разновидност во стилот, времето и местото. Имате секс само навечер? Време е да ја откриете убавината на утринскиот секс. Стандардно трчате во спалната за таму да си покажете колку се сакате? Можеби е време да останете во кујната и не мора да завршите со оброкот за да се фрлите во страсна прегратка.

Мажите сакаат да гледаат

Се разбира дека мажите обожаваат да гледаат.Токму поради тоа се обожаватели на порно филмовите. Наједноставен начин да му го доставите ова задоволство на вашиот партнер е да имате секс пред огледало. Бидете сигурни дека ќе биде повеќе од возбуден додека ве гледа како уживате. Ако сте похрабри и послободни пред него, изненадете го со тоа што ќе се допирате самите.

Мажите сакаат да бидат изненадувани

Не треба да чекате да дојде неговиот роденден или пак Св. Валентин за да му приредите секси настап со еротски танц. Изберете си најобичен ден и подгответе му неочекувано жешко изненадување. Ако сте во долга врска, добро знаете колку може да биде возбудлива спонтаноста.

Мажите сакаат секс наутро

Разбудете го со страсни бакнежи, расположени за водење љубов. Истражувањата покажуваат дека најголем процент од мажите на прво место би сакале да бидат изненадени со секс уште додека не се расонети, на второ место додека се тушираат, а на трето место – на прагот на домот кога се враќаат од некаде.
Мажите сакаат понекогаш вие да ја преземете контролата. Скоро секогаш мажите сакаат да покажат доминантност во спалната, но понекогаш сакаат само мрзеливо да лежат и да уживаат во она што го гледаат и она што го чувствуваат. Подарете му нежни бакнежи по целото тело, фелацио и „јавачка“ поза (во која вие сте одгоре).

Многу жени се плашат да бидат малку подиви под чаршафите, за да не го нарушат својот имиџ. Но, ако добро се познавате со партнерот, воздржувањето во сексот не само што нема да ви помогне, туку може и да ви наштети. Бидете поавантуристички настроени. Покажете му колку уживате во сексот со него, иницирајте почесто секс, бидете гласни, правете потези кои ќе го изненадат и зашеметат.

Сексот почнува во главата

Ако премногу размислувате за сѐ друго освен за уживањето во сексот, секако дека нема да стигнете до уживањето. Заборавете на тоа како изгледате, не сме сите супермодели и имањето „совршено“ тело не гарантира супер секс. Заборавете на проблемите, сметките, работата, комшиите, родителите, децата… Препуштете се на уживање и фокусирајте се на задоволување.

Комуникацијата е најважна

Како и за сѐ друго во врската, комуникацијата е многу важна во сексот. Не очекувајте дека секоја секс ситуација ќе биде иста, не ни треба да биде! Кажете му на партнерот како се чувствувате, што сакате, што ви треба, што посакувате. Никој не знае да чита мисли, затоа бидете искрени за тоа што ви се допаѓа, а што не. Тоа кажете го отворено и внимателно, без да ги повредите чувствата на партнерот.

Не заборавајте на бакнувањето

Бакнежот секогаш ќе биде една од најинтимните работи меѓу двајца луѓе. Не ја скокајте предиграта, напротив, продолжете ја со многу бакнежи што не мора да завршат само на усните.