Потресна анимација која ја покажува тажната вистина за светот во којшто живееме

Стив Куртис е илустратор и аниматор кој живее во Лондон. Неговите дела се сатира на модерниот свет. Неговиот стил е инспириран од цртаните филмови од 30-тите и 40-тите години на 20 век, но и од модерни стрипови и графички книги. Тој има добиено и многу признанија и награди за својата работа, но најпознато е ова видео кое ќе го видите подолу, кое на Фејсбук е гледано над 60 милиони пати.

За жал, видеото е приказ на тажната вистина за светот во којшто живееме. По тој повод, Куртис изјави:

„Гледам голема количина на лудило во начинот на кој живееме и мислам дека мора да бидеме посвесни и појасно да ги погледнеме изборите кои како општество ги имаме. Ако јас можам да придонесам нешто кон тој разговор, би бил многу среќен. Темите на кои се фокусирам се фундаментален дел од модерното оштество и кои влијаат на сите нас, па затоа и се предмет во моите дела.“

Погледнете го ова видео и споделете го со своите пријатели, навистина ќе ве замисли и ќе ве натера да започнете разговор за светот во кој живееме.