Потребно е тестирање за да дознаете дали имате грип или ковид-19

Вирусот на грип и коронавирусот, при зараза, може да предизвикаат слични симптоми. За пациентот да добие соодветен третман, потребно е да се потврди присуството на која и да е од заразите, со помош на тест.

Со оглед на тоа што се работи за респираторни инфекции, очекувано е голем дел од симптомите да бидат слични, па дури и идентични. 

-Настинка, грип и КОВИД-19 се респираторни инфекции кои ги предизвикуваат различни вируси, меѓутоа може да имаат слични репираторни симптоми. Настинката е најблага форма на респираторна инфекција, симптомите започнуваат постепено, најчесто е пратена со кијавица или блага кашлица, течење или затнат нос, и обично поминува за 3-4 дена - објаснува епидемиологот Драган Кочински за Локално.

Симптомите варираат меѓу кашлица, затнат нос или негово постојано течење, треска, во некои случаи дури и дијареја и повраќање, а губењето на сетилата за мирис и вкус се потипични за ковид. Затоа е потребно да се направи тест, за да може пациентот да се лечи соодветно на клиничката слика.