Потребна е помош за две бездомни жени, оставени на улица во Капиштец

Синоќа на социјалните мрежи беа објавени фотографии од две бездомни жени кои живеат на улица во скопската населба Капиштец.

Објавената беше споделена од страна на актерката Ирена Ристиќ која напиша дека станува збор за една 60-годишна и една 90-годишна жена кои поради ниските примања немаат можност да бидат згрижени институцинални. Повеќе од еден месец тие се оставени без дом. 

Поради здравствените проблеми со кои се соочуваат и тешката социјална состојба, неопходна е помош од хумани граѓани.