Потпечени тестенини со многу месо

Денеска е поладно надвор, што значи дека можете да си подготвите и покалоричен ручек, особено ако сте љубители на месо. 

Потребни состојки:

300 гр тестенини
200 гр мелено месо
50 гр сланина
Еден колбас
Еден кромид
Бибер, сол, оригано, магдонос
Три јајца
50 гр рендан кашкавал
100 мл јогурт

Подготовка:

Исецкајте го кромидот, па пропржете го заедно со исецканата сланина и парчињата колбас. Додајте го месото и динстајте неколку минути. Ставете зачини, а потоа во смесата додајте и едно јајце. 

Пола од полусварените тестенини ставете ги во намастена тава, потоа истурете ја цела месна смеса, па останатите тестенини. Изматете ги двете јајца што останаа со 100 мл јогурт и рендан кашкавал и прелијте. 

Печете околу 25 минути на 220 степени.