Потпечени тестенини болоњезе

Класичниот рецепт за болоњезе е одличен, но кога во него ќе се додаде кашкавал и сето тоа убаво ќе се потпече, станува неверојатно искуство за сите сетила. 

Потребни состојки:

250 гр тестенини
250 гр мелено месо
Масло
Мешавина од зачини
Доматен сос
Павлака за готвење
Кашкавал по избор

Подготовка:

Тестенините треба да бидат сварени ал-денте. Во меѓувреме месото издинстајте го на масло и вода. Кога ќе добие убава боја, додадете доматен сос и зачини, во зависност од тоа колку густ сакате да биде сосот. Додека се готви, ставете и малку павлака за готвење. 

Тестенините исцедете ги од водата во која се вареа. Ставете малку масло, па павлака за готвење, ставете ги потоа тестенините, па врз нив истурете го сосот со мелено месо и домати. Печете околу 20 минути на 180 степени. 

Пред крајот, ставете парчиња кашкавал и вратете да се потпече за да се стопи.