Постојат жени на светот од кои никогаш не треба да се откажеш

На светот постојат посебни жени. Тие сакаат со целото срце, тие живеат со полни гради, се смеат гласно и плачат тивко кога некој ќе ги повреди. Не ги напуштај овие жени.

Не ги оставај позади себе, само поради тоа што сакаш да си играш со животот. Не ги занемарувај, не ги оставај да чекаат додека не знаеш што сакаш. Не ги лажи додека го минуваш своето време со друга жена која ти изгледа поинтересна во тој момент.

Работите се менуваат, чувствата ги снемува, но ако не ја сакаш оваа жена, не го троши нејзиното време. 

Таа е посебна и може без тебе, но сака да биде со тебе. Толку ли е тешко да се разбере тоа? Таа сака да биде сакана, да сака со целото свое срце и да ги исполни долгите ноќи со твоите прегратки, а деновите со разговори со тебе. Не треба да е толку тешко да се разбере.

Посебната жена е посебна. Таа не е таква родена, таа учи од своите искуства, таа созрева. Не се откажувај од неа, така лесно. Никогаш!