Постојат луѓе на кои секогаш друг им е виновен

Постојат луѓе на кои не може да им се помогне. Не морате дури ни да одговорите на прашањето „Колку е часот“, затоа што и тогаш ќе бидете обвинети за туѓите проблеми. Тоа се таканаречените „опасни жртви“. Секогаш се жалат, секогаш се навредени. Секогаш ги обвинуваат другите. Завидуваат на туѓиот успех, ги бојат своите животи во темни бои, зборуваат колку се несреќни. Но, секогаш некој друг е виновен. 

Дајте им чаша вода на овие луѓе и подоцна ќе кажат дека водата е премногу ладна или не чини. Ќе кажат дека таа вода е причината за нивните малери. Ја пиеле пред 20 години и заради тоа целиот живот им отишол надолу. 

Па, ако сте одговориле колку е часот, сега доживотно ќе бидете обвинети за доцнењето на оваа личност. Одговорот бил непристоен, двосмислен. Факт е дека вие имате часовник, а жртвата нема. Според нив, вие арогантно сте го присвоиле правото на другите да им укажувате колку е часот. Но, всушност, за една минута сте промашиле. Па вие лажете!

Зарем не сте забележале дека останале оние на кои овој лик може да ги префрла сите свои неуспеси?

Па затоа, џабе им помагате. Запомнете дека вие секогаш ќе бидете виновни. И со свиркање и весел глас, оваа жртва, вас ќе ве обвини за своите неволји.

Ана Кирјанова