Сите ние имаме способност да избереме како се чувствуваме и секој ден имаме способност да правиме што сакаме, но сепак многумина од нас се чувствуваат заробени во нашите животи.
Photo by Roberto Nickson on Unsplash
Но, вие секогаш имате избор. Секогаш кога можете, одберете да живеете во љубов, а не во страв. Можете да ги сакате луѓето, наместо постојано да им наоѓате маани. Не се виновни другите, секогаш кога обвинувате и покажувате со прст кон друг, бегате од сопствената моќ. Имајте на ум дека сета сила и моќ лежи во вас. Побарајте хармонија во себе, тогаш сè што барате ќе го најде својот пат до вас.
Сè започнува од тебе“. „Јас не сум жртва. Јас сум одговорен за се што ми се случува. Никој друг не е“. „Во вашиот филм вие сте сценарист, режисер и ѕвезда. Не го заборавајте тоа.
Никој од нас не е совршен и токму во таа несовршеност лежи нашата вистинска човечка природа.
Често се малтретираме себеси. Сакаме повеќе, мора да контролираме сè. Однапред мислиме дека се ќе биде лошо. И не е така, животот понекогаш успева многу убаво да не изненади. Важно е да си дадеме шанса, но и да им дадеме шанса на другите.
Верувајте си. Секој проблем е можност. Секоја неволја е можност да растеме и да се развиваме како личност. Она што треба да го знаете секогаш ќе ви дојде, не грижете се. Фокусирајте се на она што го имате, а не на она што го немате. Најтешката задача на секое човечко суштество е да ја преземе одговорноста за сопствениот живот.
Универзумот е пријателско место, ако верувате во тоа. Ако не, дури и преселувањето во друга галаксија нема да ви помогне.