Постојат луѓе кои имаат малку, а даваат сѐ

Има луѓе кои даваат малку од она што го имаат и се надеваат на награда за на што го даваат, а таа скриена надеж ги обезвреднува нивните дарови. 

А постојат и луѓе кои имаат малку, а даваат сѐ. Овие луѓе веруваат во животот и полни се со надеж. Има луѓе кои со радост даваат и за нив радоста е награда. И оние кои даваат со тешко срце, а таа болка е нивното крштевање. 

А има и од оние кои даваат, а не знаат за болка при давањето, не копнеат по радост, ниту пак ја истакнуваат својата доблест при давањето. Бог ни се обраќа токму низ тие раце, низ нивните очи се смее на Земјата.

Сигурно често велите: „Јас би дал/а, но само на оние кои заслужуваат.“

Дрвото во овоштарникот нема да ви каже така, како ни стадото овци кое го чувате. Тие даваат за да можат да живеат, затоа што чувањето е пропаѓање. Оној кој е вреден за своите денови и ноќи, без сомнеж е вреден за сето она што имате да му го дадете. 

А оној кој заслужил да се напие од водата на животот, достоен е да ја наполни стомната на вашиот поток. 

И кои сте вие за човек пред вас да го раскрвавува своето срце и да го погазува своето достоинство само за да ја видите неговата вредност соголена и неговата гордост погазена? 

Најпрво уверете се дека и вие сте достојни за давање и дека соодветно е да се дава преку вас. Затоа што искрено, животот е тој што му дава на животот, додека вие (и сите ние) не сте ништо освен сведоци.