Постои разлика меѓу „бустер“ доза и трета доза од вакцина, објаснува српска докторка

Српската докторка Љиљана Марковиќ Дениќ објасни дека постои суштинска разлика помеѓу трета доза од вакцина и засилувачка доза. Како што објаснува таа, трета доза е онаа која се дава кај хронично болни и пациенти со имунолошки состојби, 28 денови после втората доза. А онаа што се дава шест месеци по втората, се нарекува засилувачка или „бустер“ доза. 

Различни пациенти се кандидати за овие дози. Практично, засилувачка доза можеби ќе прими секој граѓанин кој го сака тоа. 

Таа нагласи и дека и СЗО и ЕМА го потврдиле ова, бидејќи трета доза се давала досега за пациенти со ослабнат имунитет поради најразлични здравствени состојби и е дел од примарната вакцинација. 

Во однос на проблемот со одбивањето на вакцините, таа забележува дека возрасната популација во Србија има задоволувачко ниво на вакцинираност, но дека досега ниедна комисија нема направено профил на лицата кои не се вакцинираат.