Поставени околу 100 заштитни столпчиња на булеварот Трета македонска бригада

Екипите на ЈП Улици и патишта по налог на Град Скопје деновиве поставуваат заштитни столпчиња на булеварот Трета македонска бригада. Столпчињата се поставуваат за да се спречи непрописното паркирање на возилата по пешачките и по велосипедските патеки, како и на влезовите од околните улици.

Досега се поставени околу 100-тина заштитни столпчиња на пешачките островца и на влезовите од приклучните улици на булеварот Трета македонска бригада, како и во насока кон улицата Васко Карангелевски, информираа надлежните. 

Според планот за работа, екипите на ЈП Улици и патишта и во наредниот период ќе продолжат да поставуваат заштитни столпчиња по должината на булеварот на сите места каде што ќе има потреба за да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.