
Од ЈП Улици и патишта Скопје информираа дека се поставени нови заштитни столбчиња на булеварот "Борис Трајковски" и е извршена санација на оштетените заштитни столбчиња на градските сообраќајници.
- Екипите на ЈП"Улици и патишта" - Скопје кои ја одржуваат сообраќајната опрема на градските сообраќајници денес почнаа со поставување на нови заштитни столбчиња на булеварот "Борис Трајковски". Заштитните столбови се поставуваат во насока од крстосница со улица "Народни Херои" кон населба 11ти Октомври. Покрај поставувањето на новите заштитни столбчиња, се санираа и оштетените заштитни столбчиња на другите градски сообраќајници, информираа од претпријатието.
Заштитните столбчиња се поставуваат со цел зголемување на безбедноста на пешаците и велосипедистите.