
Новите спортски реквизити на отворено во средното училиште „Јосип Броз Тито“, се можност за дополнителна физичка активност и рекреација за учениците во текот на училишниот ден, соопштија денеска од Град Скопје.
Како што велат во соопштението, оваа иницијатива ја нагласува посветеноста за поттикнување здрав начин на живот кај младите преку подобрување на спортската инфраструктура во скопските средни училишта, со вложување во безбедни и корисни простори за спорт, рекреација и дружење.

„Со спортските реквизити дизајнирани за безбедна и функционална секојдневна употреба, им се овозможува дополнителна содржина на средношколците во рамките на училишните спортски активности, посочија од Град Скопје.
