Општина Гази Баба во соработка со Јавното комунално претпријатие Гази Баба изработи и на повеќе локации низ општината постави куќички за бездомните кучиња.
- Оваа акција ја спроведуваме по втор пат на предлог на повеќе граѓани со цел хуман однос кон мирните бездомни кучиња. Нашата цел е да создадеме подобри услови за живот на бездомните кучиња, но и да поттикнеме свесност кај граѓаните за нивната благосостојба. Со поставувањето на куќарките, се обидуваме да им обезбедиме топлина, безбедност и поддршка додека чекаат своја шанса за вдомување, велат од општината.
Сите бездомни кучиња не се агресивни, додаваат оттаму.