Поставена нова заштитна ограда на мостот на патот Кадино-Миладиновци

На мостот на локалниот пат Кадино-Миладиновци е поставена ноза заштитна ограда, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид на местото и истакна дека поставувањето на заштитната ограда е од големо значење бидејќи таа локација е една од критичните точки кои претставуваа опасност за учесниците во сообраќајот.

-Новата заштитна ограда е поставена на двете страни на мостот, со вкупна должина од 50 метри. Дополнително, поставена е флуоресцентна патна сигнализација долж целиот потег, како и флуоресцентна лента по должината на мостот. - напиша Георгиевски на својата официјална Фејсбук страница.