Поставен вториот пункт за автоматско дезинфицирање на возилата

На територијата на општина Гази Баба е поставен вториот пункт за автоматско дезинфицирање на возилата кај ООУ ,,Кирил и Методиј” во Стајковци.

Првиот пункт се наоѓа на улицата „Благоја Стефковски“ кај киното Маџари.

Како што велат од Општина Гази баба, овие пунктови се поставуваат за заштита на сите граѓани и токму затоа апелирам да ги чуваме и истите да не бидат оштетувани.