Посни мафини за деновите кога се пости без масло

Овој рецепт е одличен за пост, во деновите кога не се користи масло. Дополнително, многу е вкусен.

 Состојки:

150 грама брашно
150 грама мелени овесни снегулки
300 милилитри вода
3 лажици гриз
1 кесичка прашок за печиво
половина кесичка сода бикарбона
50 грама какао
50 грама шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
цимет
2 изрендани јаболка
2 изгмечени банани
кора од портокал или лимон
суво грозје
мелени ореви

Подготовка:

Измешајте ги прво сите суви состојки, па додајте ги водените и на крај постепено додавајте вода.
Добро соединете ја смесата и ставете ја во калап во кој претходно сте наредиле хартиени корпички.
Загрејте ја рерната на 220 степени, па печете ги мафините 15-20 минути.
Доколку немате калап, може да го ставите колачот во обичен плех и да го испечете цел.
Кога ќе бидат готови, може да ги наросите со шеќер во прав или да ги украсите со ливчиња бадеми.