Посна бајадера за празничната трпеза

Ако сте љубител на бајадера и на посни слатки генерално, овој рецепт ќе ве освои уште од првиот залак.

Состојки:

400 гр маргарин
10 лажици вода
400 гр шеќер во прав
400 гр мелени лешници
400 гр посни бисквити
4 темно реда чоколадо

Подготовка:

Сите состојки, освен чоколадото измешајте ги и смесата поделете ја во два дела. Двата дела ставете ги во фрижидер. 

Извадете ги смесите и во едната додајте растопено чоколадо. 

На плех ставете ја прво смесата од чоколадо. На неа ставете ја смесата без чоколадо и по желба ставете глазура од чоколадо. Оставете во фрижидер да се излади. 

Сечете на парчиња, послужете и уживајте!