Последната порака од еден млад човек: Имам само 24 години, а веќе ја избрав последната кравата...

„Имам само 24 години, а веќе ја избрав последната кравата. Таа којашто ќе ја носам на сопствениот погреб, за неколку месеци. Можеби нема да оди со оделото, но совршено ќе оди со приликата...“

Вака еден млад 24-годишен дечко ја пишува својата последната порака за светот. Откако дознал дека не му преостанува уште долго време на овој свет, тој решил на интернет да си ја отвори душата и да каже што има да им порача на луѓето.

Неговата порака, која можете да ја прочитате подолу,  е насловена како „Мојата последна вратоврска“ и вртоглаво се шири на интернет и тоа со многу добра причина.

Прочитајте што има да каже...

„Дијагнозата (рак) стигна предоцна за да имам време за да се надевам на подолг живот, но сфатив дека и онака најважната работа е да си заминеш од овој свет оставајќи го подобро место од светот каков што си го затекнал. Мојот досегашен живот нема да донесе некоја голема или важна промена, затоа што не правев ништо што е премногу значајно. Но, кога сфатив уште колку малку време имам, работите станаа појасни. Сфатив што е навистина важна. И во суштина, ова го пишувам од малку себични причини.

Со тоа што ќе ја споделам оваа порака со вас, сакам да му дадам некоја смисла на мојот живот. Не губете време на работи во кои не уживате. Очигледно е дека никогаш нема да успеете во нешто ако тоа не го сакате. Трпението, страста и посветеноста доаѓаат само ако го сакате тоа што го работите. Глупаво е да се плашите од туѓото мислење. Стравот ве ослабува и ве парализира. Ако му дозволите, тој само ќе расте и расте, се додека потполно не ве голтне.

Слушајте го вашиот внатрешен глас и следете го. Некои ќе мислат дека сте луди, но некои во вас ќе видат легенда. Преземете контрола над својот живот. Преземете одговорност. Ограничете ги лошите навики. Занимавајте со некој спорт кој ве радува. Не ги одложувајте работите. Вашиот живот нека биде обликуван од вашите сопствени одлуки, а не од одлуките на другите. Ценете ги луѓето околу себе. Пријателите и семејството се непресушен извор на сила и љубов. Не ги земајте здраво за готово.

Се грижиме за своето здравје, а тогаш, пред крајот, сфаќаме дека телото е всушност една кутија, место во кое ја сместуваме нашата личност, мисли, верувања, намери. Ако во кутијата нема ништо што може да го промени светот на подобро, тогаш не е ни важно ако таа кутија исчезне. Верувам дека сите имаме потенцијал, но немаме сите храброст за да го оствариме. Можете само да чекате да се случат работите, а можете и самите да ги придвижувате. Од вас зависи.

Оставете трага. Имајте живот со цел, каква и да е таа. Следете ја таа цел. Местото коешто го напуштаме е прекрасно игралиште, на кое се е можно.  Но, тука не сме засекогаш. Нашиот живот е кратка искра на оваа прекрасна, мала планета која плови низ Универзмот. Затоа, уживајте. Направете ги работите интересни. Направети ги вредни.

Ви благодарам.“