Поскапуваат горивата од полноќ

Бензините за пола денар, а дизелот за 1,5 денар поскапуваат од вечерва на полноќ. 

Новата цена на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 86,5 денари, додека на ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава по 89 денари по литар.

Дизелот од вечерва на полноќ според новата цена ќе изнесува 92,5 денари.

Се зголемува и цената на екстра лесното масло за домаќинство, и ќе чини 89,5 денари, додека мазутот според новата цена ќе чиини 50,2 денари по литар.