Поскапеа цените на вакцините Фајзер и Модерна

Компаниите „Фајзер“ и „Модерна“ ги покачија цените на своите вакцини против Ковид -19 во најновите договори склучени со Европската унија, наведува Фајненшел тајмс. 

Новата цена за вакцината „Фајзер“ е 19,50 евра, а претходно беше 15,50 евра по доза, објави весникот, повикувајќи се на деловите од договорот во кои имаше увид, пренесе „Ројтерс“.

Цената на „Модерна“ е 25,50 долари по доза, стои во договорите, во однос на 19 евра во првиот договор за набавка, но помалку од претходно договорените 28,50 долари, бидејќи нарачката е зголемена, се наведува во извештајот, кој се повикува на службено лице упатено во елементите на договорот, пренесува Танјуг.