Поседувале дрога и нож - уапсени две млади лица во Скопје

Две млади лица уапсени во Скопје за поседување дрога и нож. 

-На 24.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Л.А.(20) од Скопје и М.Р.(23) од Тетово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и нож, информираа од полицијата. 

По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.