Посебен сообраќаен режим утре во Скопје - ќе бидат затворени повеќе улици и два булевари

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира за посебен сообраќаен режим утре во Скопје, со почеток во 12:00 часот. Причината е протестен марш по повод Меѓународниот ден на жената.

Маршот ќе се одвива со траса на движење од пред парк Жена Борец на улицата „11 Октомври“, во продолжение по улица „Димитрија Чуповски“, десно по улица „Даме Груев“, во продолжение по булевар „ВМРО“, лево по булевар „Илинден“, десно по булевар „Климент Охридски“, лево по улица „Ристо Шишков“, десно по улица „Благоја Страчков“, десно по улица „Јордан Хаџи Констатинов-Џинот“ и завршува кај парк и спомен плочата во чест на „Вера Јоциќ“.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.