Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска од 9 часот, во организација на Здружението на граѓани СОС Детско село, ќе се одржи хуманитарна ИТ трка. Трасата на движење се протега на дел од велосипедската патека на кејот на реката Вардар, почнувајќи од мостот на Вардар на бул. „8 Септември“, во близина на хотелот „Александар Палас”, па сѐ до мостот на Вардар на бул. „Киро Глигоров“, во близина на хотел „Хилтон”. Трката ќе заврши кај паркот Авионче во Ново Лисиче околу 12 часот.

На трката учествуваат вработени од ИТ компании.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.