Порталот „ИН7“: Стефковски со најголема поддршка на анкетите во ВМРО-ДПМНЕ за Скопје?

Порталот на албански јазик „ИН7“ објави дека градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, има најдобар рејтинг на анкетите во ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за градоначалник на Град Скопје од владејачката партија.

Според објавените информации, анкетата покажала дека Стефковски ужива силна поддршка од членството на партијата, високи функционери, како и од мнозинството градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Во однос на процесот на селекција на кандидатите, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, неодамна изјави дека партијата веќе ја завршила постапката во која општинските комитети вршеа номинација на кандидати и дека во следниот период ќе се спроведуваат испитувања на јавното мислење пред конечната одлука.