Порано ќе се стемнува - Од следниот викенд зимско сметање на времето

Кон крајот на месецов, поточно последниот викенд во месец октомври, ноќта помеѓу 26 и 27 октомври стартува зимското сметање на времето. Ќе треба да ги подесите часовниците и стрелката да ја вратите еден час наназад и така ќе добиете уште еден час повеќе за спиење, но за сметка на тоа порано ќе се стемнува. 

Летното сметање на времето завршува на 26 октомври во 03h 00min 00s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00 min 00 s се смета како 02h 00min 00s.

Детали за ова се очекуваат од Министерството за економија.