Порака од внатрешниот глас: Секој ден те гледам и јасно ми е дека не си среќна...

Еј разбуди се, тука сум. Долго време викам по тебе. Прво шепотев, па бев малку погласна, а на крај морав да почнам да вриштам за да ме чуеш. Предолго живееш во калап кој не е за тебе. Едноставно не е. Можеби е добар за другите, но не и за тебе. Секој ден те гледам и јасно ми е дека не си среќна. Сите работи за кои сонуваш и кои ги посакуваш ги имаш поттиснато длабоко во себе.

Сѐ плашиш дали воопшто тоа е можно да се оствари. Не сакаш ни да замислиш каков би ти бил животот во таква ситуација. А верувај ми, возможно е. Сѐ е возможно ако си го дозволиш тоа. Знам дека се плашиш да се ослободиш од твоите стари уверувања, мисли, чувства и навики.

Додека ги следиш своите соништа, можеби ќе мораш да се збогуваш со некои луѓе кои досега беа во твојот живот. Стравот е дел од промената и нормално е дека ќе се појави во моментот кога ќе зачекориш во непознатото. Но, лажната сигурност е потешка од стравот. Да живееш во нешто што не е за тебе е полошо и од доживотен затвор.

Ова е само твој живот, еден и единствен. Нема да имаш друг живот. Кому е гајле за тоа што ќе кажат другите? Тоа си е нивна работа, а не твоја. Не ги уништувај своите соништа само затоа што другите не ги разбираат. Никој друг не ни мора да ги разбере твоите соништа, сѐ додека ти имаш чувство дека тоа е вистинскиот пат за тебе.

Дозволи ми да ти помогнам и да те водам на тој твој пат додека ти ја бараш својата цел и својата среќа. Дозволи ми да те водам кон остварување на твоите соништа. Ти ме блокираше на секој можен начин верувајќи дека така ќе бидеш посреќна, останувајќи во твојата зона на удобност. Но, сигурноста не може да ти го даде она што може да ти го даде остварувањето на соништата.

Од навика остануваш во некаква приказна, надевајќи се дека конечно ќе дојде тој ден кога ќе почнеш да живееш. Тој ден е денес, баш сега. Утрешниот ден уште не е дојден, а вчера веќе не постои. Сѐ што имаш е тука и сега.

Кога ќе видиш, ти всушност самата себеси се гушиш и смалуваш. Никој не може да ти каже како да живееш освен ти самата. Остави ги уверувањата кои не ти носат ништо добро и создади нови уверувања кои полесно ќе те одведат до твоите цели.

Живеј со полни гради и не се замарај за туѓи коментари и мислења.

Дури и ако никој не верува во тоа што ти го сакаш – ти си таа која верува во тоа. Препушти ѝ се на вербата и верувај ми на мене. Заедно ќе дојдеме до тоа што го сакаш.

Само не се откажувај од себе.

Со љубов,

Твојот внатрешен глас