Порака од 2021 година: Ве молам уживајте во мене и забавувајте се додека сме заедно

Драги луѓе,

Јас се викам 2021. И само што се запознав со вас. Вие ќе ме создадете и ќе ми подарите живот со вашите желби, проекти, мисли, зборови, чувства и постапки. Јас сè уште немам форма: не сум неверојатна година, ни ужасна, не сум светла, ниту опасна – ќе бидам онаква каква сакате да бидам, па затоа трудете се да бидам најдобра. 

2020 е дел од вашето минато... чувар на убави помалку убави спомени, искуства кои ве направија посилни и тоа што го научивте во таа година сега ќе го применувате во мене. Во 2021 година. Долго ми требаше да дојдам до вас и затоа само сакам да бидам НАЈДОБРА ГОДИНА во вашите животи!

Сакам да бидам година во која се осмелувате да направите повеќе работи, работи кои ги сакате и чувствувате, со повеќе добрина и благодарност да ги споделувате своите таленти и великодушни способности. Нека ова биде година кога вашиот ум, срце и тело ќе ги произведат најдобрите резултати, на добар и исправен начин за твојата и сечија благосостојба. Будењето и новата свест нека допре до сите кои се во ваша близина. 

Ве молам уживајте во мене, освојте ме, искористе те ме максимално, исполнете ме со искуства, забавувајте се додека сме заедно. Сакам следниот декември да си заминам полна со добри работи  и задоволна што сум ваша најдобра година. Ако биде така, тоа значи дека сум ја исполнила својата цел и засекогаш ќе живеам во вас, затоа што нема да можете да заборавите колку било прекрасно нашето заедничко време.

Јас носам 365 дена, но вие сте тие кои ќе ме создадете.

Го чекам тоа со цело срце и љубов.

Ваша,

2021 година