Порака на денот: Заблагодарете им се на оние кои ви покажале дека заслужувате подобро

Многумина од нас имаат изгубено премногу време на личност која не ги заслужува.

Можеби сме се надевале дека ќе биде подобро, дека личноста ќе се се смени, дека нешто ќе ги промени работите од корен. Но, на крај ништо од тоа не испаднало вистина. Секој грам енергија и надеж се чувствуваме како да отишле во пропаст и како да сме изгубиле значајно време сакајќи некого кој не заслужува да биде сакан.

Тоа се случува во љубовните врски, но и во пријателствата. За многу од нас, постои личност чии сигнали не сме ги виделе или не сме сакале да ги видиме и на крајот сме се чувствувале поразени. Кога болката се наталожува и веќе се чувствуваме како да не можеме да издржиме, тогаш сфаќаме дека не само што таа личност не нè заслужува нам, туку и ние самите дека заслужуваме многу подобро.

Но, тие се луѓето од кои најдобро учиме што заслужуваме – дека заслужуваме подобро од нив, односно дека го заслужуваме најдоброто.

Можеби звучи чудно или иронично, но треба да им се заблагодариме на тие луѓе, иако можеби тивко во себе, што нèимаат научено колку вредиме и како да се избориме за себе. Нивна е вината за тоа како се однесувале кон нас, а не наша што сме ги гледале низ розови наочари. Тие повредуваат некој кој им го дал целиот свет, искрена љубов и поддршка. 

Ние самите не губиме ништо. Напротив, ја сфаќаме својата вредност, големината на своето срце и моќта да избираме. Да не дозволиме да бидеме победени и да паднеме во нечија замка, на некој што мисли дека е подобар од нас. 

Едностраната љубов не трае долго. Човек може да дава и да се вложува, но на крајот работите се распаѓаат како кула од карти. Можеби губиме на краток рок, но ја учиме лекцијата а тие се тие што губат на долг рок. Некогаш ќе го сфатат тоа, можеби ќе се вратат признавајќи и барајќи поддршка, можеби никогаш нема да слушнеме од нив, но тие ни носат голема лекција. 

Нè учат дека треба да престанеме да ги поправаме работите, дека вистинската љубов не мачи и не истоштува и дека вистинската личност не се однесува на тој начин. Да не се тие, никогаш не би ја откриле својата вистинска вредност и не би сфатиле дека не сме тие што грешиме кога сакаме од срце и вистински.