Порака на денот: За да живеете среќен живот, најважно е да се ослободите од емоциите и енергијата кои ги носите од минатото

Кога напуштаме одреден однос или некоја личност, тоа не секогаш значи крај на нашите емоции.

Photo by Jonatán Becerra on Unsplash

Многу луѓе завршуваат одредена врска, но долги години се врзани за минатото и како да не можат да продолжат напред. Тоа чувство на тага и меланхолија е присутно постојано. 

Но, она што треба да го знаете е дека во вакви случаи вие емоционално сте поврзани таму некаде,со некоја личност, но физички сте издвоени  и сами. Тоа создава тешки емоции како да живеете туѓ живот, но преку личноста која сте биле некогаш. 

Но, како да продолжите напред ако сте свесни за ова?

Ако сте излегле од одредена врска неодамна, важно е да си дозволите себеси да тагувате ако тоа ви е потребно, бидејќи тоа е неопходен процес кој е потребен за да се ослободиме од емоциите. Следниот чекор е да се навратите на трауматичната ситуација, да ја преживеете повторно во својот ум, колку и да ви изгледа сето тоа тешко. Визуелизирајте се себеси во тој миг, во таа ситуација. Повикајте ја таа личност до себе. 

Замислете ја и личноста со која сте биле. Почувствувајте го истото кое сте го чувствувале во моментот додека сте биле со неа, која и емоција да се врати до вас. Потоа, кажете си себеси, повторете си неколку пати дека е време да се ослободите од емоциите кои стојат заробени во вас. Визуелизирајте повторно како ја разменувате енергијата, замислете како се одвива тој процес. Повторете го повторно сè додека не почувствувате олеснување.

Постојат различни психолошки техники кои можат да ви помогнат во овој процес. Тие делуваат на потсвесно ниво, но важно е да сме свесни за своите емоции и подготвени на еден подолг процес на нивно пуштање. Штом тоа се случи, повторно можеме да бидеме свои и да го продолжиме своето патување кон нови искуства кои вредат да бидат доживеани.