Порака на денот: Воодушеви се!

Воодушеви се. Од личноста која си и од секојдневното созревање. 

Од фактот дека секој ден, од момент за момент, избираш подобро за себеси.

Воодушеви се затоа што не си ист(а) како вчера. 

Затоа што зад себе ги оставаш старите навики и проблемите.

Затоа што напредуваш со секој нов ден!

Затоа што сè повеќе си се допаѓаш на себеси.

И највеќе заради тоа што сè повеќе се смееш!