Порака на денот: Сите имаме своја тишина

Сите имаме своја тишина.
Тишина која не мора никому ја објаснуваме, ниту да се правдаме за неа.
Во таа тишина се водат големите битки на нашите срца.
Во таа тишина одлучуваме дали ќе продолжиме понатаму или ќе кренеме раце од сè.
Затоа, не го вознемирувајте оној кој некое време се повлекува во самотија, позната само нему.
Затоа што сите понекогаш бараме начини како повторно да научиме да одиме, како повторно да почнеме да се смееме, како да бидеме како што некогаш сме биле, безгрижни и среќни, како повторно да се засакаме себеси и како повторно да бидеме нежни кон себе.

Сите имаме своја тишина.
Затоа и треба да имаме разбирање за туѓата.