Порака на денот: Што и да се случи, секогаш избирајте ја надежта

Живееме во свет во кој е лесно да се биде огорчен и недоверлив кон другите.

Постојано се грижиме за нешто, се штитиме од другите луѓе, го очекуваме најлошото. Особено во период на пандемија, кога многумина од нас изгубија блиски луѓе, работни места, стабилност и човечки контакти со другите. Затоа, лесно е да навлеземе во циклус кога постојано ќе се грижиме, ќе размислуваме негативно и ќе се плашиме од сè. 

Но, никогаш не треба да заборавиме на надежта. Да и дадеме простор во нашето срце, да и дозволиме да ни ја стопли душата и да си дадеме себеси поттик дека утре ќе биде подобро. На крајот на денот, животот е краток и подобро е да го живееме со надеж во себе отколку постојан страв дека нешто лошо ќе ни се случи нам и на оние кои ги сакаме.

Да избереме надеж наместо омраза и скептицизам. Да избереме љубов кон себеси и другите наместо огорченост. Да избереме надеж наместо сомничавост бидејќи така ќе живееме подобро.

Да веруваме во новите можности, во едно подобро утре, во подобри денови со нашите сакани. Со нови луѓе во нашите животи, без прашања што би било кога би било.  Затоа, заборавете на сомнежот, бесот и стравот. Изберете топлина во овие студени, сиви денови и дозволете си да вдишите длабоко наутро надевајќи се на најдоброто и уште еднаш на крајот на денот, заблагодарувајќи се што сте живи, здрави со насмевка на лицето.