Порака на денот: Простете, но не заборавајте 

Не заслужуваат сите луѓе еднакво место во вашиот живот.

На некои од нив им даваме шанса, веруваме во нив, се вложуваме во тој однос, но на крајот нè разочаруваат.

Некогаш намерно, или пак ненамерно, тие ни покажуваат дека за нив не значела нашата љубов и почит и нашата врска или пријателство. Но, треба да знаеме дека простувањето секогаш ни помага да продолжиме напред и да бидеме подобра личност, но тоа не значи дека треба да заборавиме и дека треба повторно да ги пуштиме во својот живот, во моментот кога ќе сфатат дека можеби згрешиле и ќе посакаат да се вратат.

Точно е, секој од нас заслужува прошка. За некои од нас, тоа е најтешкиот дел -  да простиме. Но, простувањето не треба да значи и заборавање.

Секој од нас води свои битки во животот, но кога ќе одлучиме да повредиме или навредиме некого, немаме право да бараме место назад во нивниот живот. Но, во овој случај, простувањето за нас е важно бидејќи ни помага да ја оставиме болката зад себе и да продолжиме напред со својот живот. Простувањето е само за НАС, не и за другата страна.

Тоа не значи дека се согласувате или дека го прифаќате тоа што е направено. Тоа едноставно значи дека знаете што се случило и болката која ви била нанесена и решавате да не дозволувате тоа да продолжи да ве измачува. 

Ако мислите дека вие сте оние кои им дозволиле да го  направат тоа, тогаш можеби треба да си простите и себеси. Тоа значи дека секогаш ќе бидете внимателни, но дека знаете дека луѓето нема секогаш да имаат најдобри намери и дека тоа е едноставно така, никогаш не можете да го предвидите тоа.