Порака на денот: Престанете да ги водите битките во кои не можете да победите

Станете наутро и кажете си дека некои битни едноставно не ве заслужуваат.

Престанете да се убедувате себеси дека нешто вреди повеќе одошто можете да видите и почувствувате за себе. Престанете да се грижите за проблемите кои не можете да ги решите. Престанете да се расправате со луѓето кои немаат никаква намера да ве ислушаат.

Во животот, постојат битки кои можеме да ги победиме, но и оние од кои за жал мораме да се откажеме. Ако животот е игра и би знаеле дека секако ќе изгубите, воопшто не би се ни нафатиле да учествувате. Тогаш зошто се обидувате дека вака е поинаку?

Кога се грижите за проблем кој не е ваш да го решите, водите битка во која не можете да победите. Размислувате, барате начини, се трудите да помогнете и да ја средите ситуацијата, но тоа не е ваша борба. Само губите време и нерви и еден ден треба да направите избор да се фокусирате на нешто друго наместо тоа. 

Кога се трудите да ги убедите другите и така да ја зголемите самодовербата, водите битка во која не можете да победите. Можеби мислите дека ќе се докажете, дека конечно ќе биде земен во предвид вашиот напор, дека луѓето ќе ја видат вашата вистинска вредност, но вашата вредност не зависи од нив. Колку и да се трудите, некогаш не можете да ги убедите другите дека треба да сте сакани, ценети и почитувани и да се губите низ процесот.

Кога се трудите да натерате некој да ве сака, водите битка во која не можете да победите. Не можете да ги натерате луѓето да ве сакаат, не можете да го смените нивното мислење, напротив, само ќе делувате очајно во нивните очи поради своите обиди да се докажете. 

Кога се расправате со луѓе кои воопшто не ве слушаат, водите битка во која не можете да победите. Секако, не треба така лесно да се откажувате од луѓето, но ако некој не прави напор да ве сослуша, тогаш само бесцелно ја трошите својата енергија. 

На крајот на денот, треба да одлучите кои битки вредат,  а од кои треба да се откажете. Не поради другите, туку поради самите себеси.