Порака на денот: Ништо не е поважно од нашето здравје

Кога сме млади, не обрнуваме многу внимание на овој важен факт.

Photo by Gabin Vallet on Unsplash

Но, со текот на времето, како што созреваме, сфаќаме колку е важно нашето физичко и ментално здравје.

Постојаното форсирање, лошата храна, непроспиените ноќи, заморот од многуте обврски, сето тоа остава трага. По некое време, стануваме заморени и се чудиме што ни се случува. Но, вистината е дека ретко кога размислуваме за нашето здравје, особено кога сме млади и кога тоа е добро. 

Но, најважно е да сме свесни за тоа. Особено важно е да ги разбереме сигналите на нашето тело и да се одмориме кога нашето тело го бара тоа. Важно е да обрнеме еднакво внимание на нашето ментално здравје, како што се грижиме за физичкото здравје и обратно. 

Само неколку минути во денот за топол чај од здрави билки, неколку минути прошетка во природа, мал напор за здрав оброк, потсетување за правилно седење во текот на денот. Тоа се само неколку мали навики кои можеби нема да ни донесат долговечност,но ќе ни помогнат подобрување на нашето здравје. 

Не мораме да ја преминуваме црвената линија и да почнеме да се грижиме откако е предоцна. Можеме да почнеме уште денес!