Порака на денот: Никогаш немој да живееш живот без забава и страст!

Многу од нас научиле да чекорат низ животот прифаќајќи незгодни ситуации. Освен очигледните негативности кои мораме да ги примиме со насмевка на лицето, како на пример: лошо време, гужва и плаќање даноци, нема причина за толерирање на сивата магла која сме дозволиле да ни се насели во животот.

Нашата толеранција на недозволиви работи се прошири во сите полиња на нашиот живот. Ние толерираме нездрави односи, работни места поради кои си го мразиме животот, а најлошо од сѐ е што живееме без страст и забава. Погрешно веруваме дека никој никогаш не го добива она што го замислил и мислиме дека ако сакаме да добиеме нешто, мораме да жртвуваме многу други работи. Тоа уверување не само што е депресивно, туку е и целосно невистинито.

Отфрлете го тој ваш „ќути и трпи“ став! Запомнете дека во ниту еден момент не треба да толерирате живот без трошка страст и живот полн со сивило, туку треба да напредувате и да бидете среќни. Почнете да го живеете вашиот живот уште денес.

Како можеме да го препознаеме животот кој се живее без страст? Кога живееме без страст, нашите животи делуваат тешки, ништо не ни поаѓа од рака, немаме енергија, моментите на вистинска среќа се многу ретки, а ние цело време се сомневаме во нашите способности и можности. Од друга страна, кога страствено го живееме животот, тој е полн со забава и радост! Тогаш сме сигурни во нашите избори и во она што го правиме – добрите работи самите си доаѓаат до нас.

Како што можете да видите, огромни се разликите меѓу животот кој се живее со страст и животот без трошка страст. Да живееш живот во склад со своите страсти е една од најважните работи кои можете да ги направите за себе.

Живејте го животот кој го сакате и сите животни врати ќе ви се отворат!