Порака на денот: Не заостануваш, таман си на време

Некој дипломирал на 21 година, но чекал 6 години за да најде добра работа. Некој немал никакво образование, но станал богаташ на 21 година. Некој се венчал на 20 години, но се развел 5 години подоцна. Некој се венчал на 35 години, но пронашол вистинска љубов. 

Не заостануваш. Не си пред време. Сè си е на време!

Верувај дека си на вистински пат. Не можеш да го споредуваш својот живот, со животот на другите, затоа што сите одиме со различно темпо. Тоа што некој добил работа или се венчал пред тебе не значи дека тие се подобри, поуспешни, поталентирани или повеќе заслужуваат љубов. 

Секој од нас ги заслужува овие работи. Сите можеме да ги оствариме овие работи, ако доволно се потрудиме. Не ги гледај патиштата на другите и според тоа да одредуваш дали твојата временска рамка е правилна и добра. 

~ Џеј Шети