Порака на денот: Не се чувствувајте виновно, ако правите нешто добро за себе

Вашите мисли и емоции се најважни во вашиот живот.

Photo by Pablo Merchán Montes on Unsplash

Немојте да се чувствувате виновно ако сакате да ги отргнете токсичните луѓе од вашиот живот. Дури и да ги сакате, дури и да имате милион убави спомени со нив, ако некој прави да се чувствувате лошо, тогаш можеби е време да продолжите напред, без нив. Без оглед на тоа дали станува збор за пријател или партнер, ништо не е ваша вина и не заслужувате да се чувствувате лошо поради друга личност.

Не чувствувајте вина ако се ставите себеси на прво место. Имате право да бидете себични, имате право да се грижите за своето ментално здравје. Вие сте единствената личност која за себе може да ги донесе вистинските одлуки, дури и тогаш кога другите можеби не го разбираат или почитуваат тоа. 

Не се чувствувајте лошо ако некогаш ги разочарате другите луѓе. Тоа се случува во животот. Некогаш правиме избори, носиме одлуки кои ни носат среќа нам, но не се секогаш најдобри за другите и тоа е во ред. Нема логика во тоа да ги правиме другите среќни, а ние да се чувствуваме лошо и мизерно. 

Не се чувствувајте виновно ако некогаш влезете во конфликт. Не се плашете да споделите како се чувствувате, да ги споделите своите аргументи, да зборувате гласно. Тоа не значи крај на едно пријателство или љубовен однос, туку напротив, тоа е борба за подобрување на работите. Никој не смее да ве притиска да останете тивки и да носите нешто во себе. 

Не носете вина ако го правите најдоброто за себе, она што вистински ве прави среќни. Вие го заслужувате тоа.