Порака на денот: Не мораме да изградиме империја, доволно е да бидеме среќни

Не мораме да изградиме империја или да доминираме на сите полиња во животот.

Не мораме да ги следиме сите општествени притисоци и постојано да се натпреваруваме со тебе. Доволно е да изградиме добар живот во кој ќе бидеме среќни со мали нешта кој ни носи радост и поддршка од нашите најсакани. 

Наместо постојано да се докажуваме пред нашите шефови и пред сите други во обид да бидеме успешни, доволно е да ги излечиме оние делови од нас на кои им е потребна грижа, да се сакаме себеси и да си дадеме одмор. 

Не мораме да почнуваме револуција, доволно е да си дозволиме еволуција за нашиот ум и тело. 

Да се прашаме себеси колку слободен простор имаме во нашиот живот, како го користиме нашето време и кои се тие нешта кои нè прават среќни? Како да дојдеме до нив? 

Да заборавиме барем за миг на сето она што ни е сервирано од општеството како потреба која треба да ја имаме. Сите сме различни, сечиј живот е различен, но секој од нас заслужува да ужива во секој момент.

Тоа е нашиот манифест за животот пред нас!