Порака на денот: Не ги бришете луѓето од животот за ситни грешки и пропусти

Никогаш не ги напуштајте луѓето поради ситни грешки и пропусти!
Никој од нас не е совршен и сите правиме грешки. Некогаш свесно, но некогаш и несвесно.
На крајот, љубовта е поважна од совршенството, кое не постои, а притисокот работите да бидат совршени само ќе ве направат несреќни и мизерни и има шанси да изгубите луѓе кои навистина ве сакаат со сета своја несовршеност.
Животот е краток и непревидлив.
Не знаеме кога ќе умреме, не знаеме кога последен пат ги гледаме луѓето што ги сакаме, зошто да ги оставаме работите недовршени, зошто да се разделуваме со лоши зборови за ситници кои утре нема ни да ги помниме?
Не заборавајте, ниту вие сте совршени, ниту пак луѓето околу вас. Но, она што е важно е љубовта, почитта и искрените намери. И прегратките. Гушкајте ги тие што ги сакате!