Порака на денот: Најважно е да научиме да танцуваме низ животните бури

Животот ве разочарува за да престанете да живеете од илузии и да ја видите реалноста.
Животот го отстранува непотребното, додека не остане само она што е важно.
Живототот нанесува удари за да ве направи посилни.

Повеќе се фокусираме на болката, затоа што лошите искуства навистина се ужасни и го кршат срцето. 

Но, животот е полн со лекции, падови и подеми. И она што е најважно е да ги издржиме ударите на животот, за да можеме во полн сјај да ја видиме и убавата страна на животот. 

Живот е. Ќе имаме добри денови, но ќе имаме и лоши.
Ќе стекнеме многу пријатели, но некои од нив и ќе ги изгубиме.
Ќе се смееме, но и ќе плачеме.
Ќе љубиме, но и ќе бидеме повредени.
Ќе имаме полно срце, но некогаш ќе биде и скршено. 

Тоа е животот. Она што е најважно е да научиме да танцуваме низ бурите и проблемите и да ја слушаме музиката во нашето срце.