Порака на денот: Мора да се чувате и да се грижите за себеси!

Една од најважните работи кои мораме да ги запамтиме е дека мораме да се грижиме за себеси. Мораме да се чуваме. Во целиот овој животен хаос, често забораваме дека мораме да бидеме нежни и добри кон себеси. Имаме само еден живот, а овој што го имаме сега не е генерална проба, овој наш живот е премиерата и главната претстава.

Не смееме да се нервираме за ситници, мораме да си ја чуваме душата од сите напади и негативности. Треба да им посветуваме внимание на саканите. Да не чекаме други да се јавуваат, додека ги игнорираме оние кои секогаш се тука за нас. 

Да не се докажуваме на другите. Да живееме со полни гради. Да живееме во сегашноста. Да танцуваме, да се смееме, да сакаме!

Не знаеме што ќе донесе утрешниот ден, па затоа  - да се чуваме и да се грижиме за себеси!