Порака на денот: Кога некој ќе го скрши нашето срце, тоа не останува така засекогаш

Кога некој ќе го скрши нашето срце во тој момент ни изгледа како болката никогаш нема да престане. Но, грешиме.

Тоа што го чувствуваме е огромна болка, но и илузија. Излекувањето е процес, учење да се сакаме себеси, учење да простуваме, но и можност да сфатиме дека животот ни дава илјада причини за радост.

Можеби тоа се случува за прв пат и ни изгледа дека нашето срце е скршено на милион парчиња, дека нашиот живот се распаѓа, а можеби се случува и по стоти пат кога мислиме дека веќе нема да сакаме повторно. Но, крајот сè испаѓа онака како што треба. 

Веројатно, работите се случуваат онака како што требале да се случат.

Кога вашето срце е скршено, не треба да се чувствувате како да сте згрешиле нешто. Не треба да мислите дека не заслужувате да сте сакани или дека веќе никој никогаш нема да ве сака на истиот начин. Љубовта доаѓа на милион различни начини, таа е секогаш различна. 

Кога некој ќе го скрши вашето срце, најважно е да запаметите дека тоа не останува така засекогаш. Никогаш не можеме да знаеме колку време ќе ни биде потребно за да го надминеме таквото искуство, ниту што ни е потребно да преминеме низ сите тие искуства. Некогаш се потребни денови, месеци, па и години. Но, сето тоа поминува.

Можеби секогаш ќе постои дел од вас на кој ќе и недостасува таа личност, можеби секогаш во вас ќе постои надеж дека работите ќе се средат еден ден токму со нив, но тоа не значи дека не треба да продолжите напред.

Можеби ви изгледа дека животот не е фер, дека не го заслужувате тоа или дека е крај на светот, но не е така. 

Секој од нас минува низ различни искуства, но работите се флуидни, тие никогаш не остануваат онакви какви што се. 

Ако минувате низ вакво искуство, можеби е тешко да погледнете напред во иднината и да видите светлина, но таа постои и ве чека на крајот на тунелот.