На овој свет му се потребни посебни луѓе за да го направат подобар и поубав.
Какви луѓе му се потребни на светот?
На светот му се потребни луѓе кои не дозволуваат да бидат купени, ниту продадени.
На светот му се потребни луѓе кои од дното на нивната душа се чесни и доблесни.
На светот му се потребни луѓе кои да го наречат гревот со неговото вистинско име.
На светот му се потребни луѓе чија свест е верна на должноста, свест која како магнет е привлечена кон должноста.
На светот му се потребни луѓе кои ќе останат на страната на праведноста, дури и ако небото над нив се руши.
Ете такви луѓе му се потребни на светот. Дали сте и вие меѓу нив?
~ Елен Џ. Вајт